Европска награда за придонес за светскиот филм за Педро Алмодовар

Од:

Европската филмска академија (ЕФА) на славниот шпански режисер Педро Алмодовар му додели награда за неговиот придонес за светскиот филм.

Признанието на Алмодовар му е доделено поради неговиот „посебен труд“, се наведува во сооопштението на ЕФА.

По добивањето на веста за доделеното признание Алмодовар изјави дека е многу благодарен за наградата.

– Од своето основање Европската филмска академија беше многу дарежлива кон мене и моите најблиски соработници со кои го делам задоволството поради оваа награда, додаде тој.

ЕФА потсетува дека поранешните филмови на Алмодовар „биле сведоци на новата шпанска демократија“.

Во 1980 година тој го сними филмот „Pepi, Luci, Bom“, без паричен надомест за неговите соработници кои сите биле почетници.

Филмот „Жените на работ на нервен слом“ (1988) му донесе интернационално признание и награда за најдобар млад автор на доделувањето на признанијата на Европската филмска награда. Потоа следеа „Високи потпетици“, „Живо месо“, „Се за мојата мајка“, „Прекината прегратка“…

Алмодовар ги има освоено речиси сите признанија во областа на фиомот и неговите остварувања имаа значајна улога во изградбата на претставата на светската јавност не само за шпанската, туку и за севкупната европска кинематографија, се наведува во соопштението на ЕФА.

Славниот режисер ќе биде почесен гостин на 26-тото доделување на Европските филмски награди на 7 декември во Берлин.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето