„Есенски музички вибрации 2021“ во Крива Паланка

Од:

Во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности „КААРТС” и Локалната установа Градски музеј Крива Паланка, кривопаланчани можеа да уживаат во звуците на некомерцијална и класична музика на два целовечерни концерти „Вечер на пјацола” и „Вечер на љубов и гитара”.

dobivaj vesti na viber

Настанот насловен „Есенски музички вибрации 2021” се одржа во Националната установа Центар за култура Крива Паланка.

-Оваа манифестација ја потврдува намерата на културните институции и здруженија од градот некомерцијалните типови музика да бидат присутни пред сладокусците за добра музика во градот. Иницијативата започна скромно во 2018 година, а веќе втора година по ред е дел од редовната музичка и културна програма на градот, што е потврда дека општината и културните установи во градот водат до долгорочни, одржливи и културни политики, информира Методи Цветковски од Центарот за Аудиовизуелни уметности КААРТС.

Концертот „Вечер на пјацоча” се одржа во петокот, а настапија Диана Мирчевска на виолина, Верица Ајтовска на виола и Иван Трајковски на пијано. Синоќа, пак, на концертот „Вечер на љубов и гитара” настапи „Трио шербет”: Марија Костовска, Ана Марија Блажевска и Теодора Ветероска.

Би можело да ве интересира

Концерт на Македонски Брас Квинтет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во Италија

Ана Ололовска

Концерт на Трио Академико во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска

Светски и македонски премиери на концертот на Дуо СолиПс и Богоромова Краповски

Ана Ололовска

Концерт на Илза Бафтиари – виола и Шкељзен Бафтиари – пијано

Ана Ололовска

Концерт на мандолинскиот оркестар „Скопје“

Ана Ололовска