ЕХО Фестивал за планински филм следните пет дена во кината Милениум и Фросина

Од:

Кино Милениум и Кино Фросина во следните пет дена (од 5 до 9 октомври) ќе бидат епицентарот на 11-тото издание на ЕХО Фестивалот за планински филм.

– Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од Октомври 2020 наместо вообичаено за нас резервираниот термин во месец Ноември, велат од организаторите на ЕХО Фестивалот.

Организаторите уверуват дека годинава ќе имат одлична филмска програма која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува.

Филмската програма на 11-тото издание на ЕХО Фестивалот за филм ја сочинуваат 29 филмови од автори од 15 земји.

Би можело да ве интересира

Филмот „Дедо и внук“ награден на фестивалот „Буда“ во Индија

Ана Ололовска

Започна снимањето на краткометражниот филм „Проблемот на Тина“

Ана Ололовска

Отворен повик за режисери и студенти по режија

Ана Ололовска

„Зрак по мракот“ – филм за храброста да се затвори кругот на насилството

Ана Ололовска

Режисерот Пиперкоски за филмот „Дедо и внук“ доби признание за придонес во светот на филмот

Ана Ололовска

Краткиот филм „Скакулци“ на младиот автор Ханис Багашов првонаграден на European Short Pitch

Жарко Настоски