Еднодневна изложба на илустрации во филијалата на Халкбанк во Скопје

Од:

Еднодневна изложба на илустрации организира Халкбанк, во своите две филијали. Како изненадување за клиентите, првата ваква изложба без претходна најава, во моментов се одвива во нивната централна филијала во Скопје.

Изложбата содржи 15 илустрации од уметникот Трајче Павлов, оригинално работени за ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, промовирана на крајот на октомври.

Идејата е со поставување на илустрациите, просторот на филијалите од нетипично галериски да се трансформира во простор каде што клиентите ќе се сретнат со уметноста.

-Како поддржувачи на уметноста и културата, сакаме на нашите клиенти да им ја доближиме благородната природа на уметноста. Како банка на народот, пред се’ мислиме на обичниот човек, кој можеби нема често можност за средба со уметничко дело во живо. Оттука и нашата желба да приредиме мало, пријатно изненад ување токму преку илустрацијата како најзастапен ликовен израз, истакна Маја Наумова Савеска од Халкбанк.

Во филијалата покрај илустрациите ќе биде поставен и QR код за онлајн купување на „Сликовницата на Халки“.

Од Халкбанк велат дека изненадување ќе биде и следниот датум и местото – филијалата, каде што следно ќе патуваат илустрациите.

Би можело да ве интересира

Во Делчево изложба на дела од Лесновската ликовна колонија

Ана Ололовска

Во Куманово изложба на македонската наива

Ана Ололовска

Изложба „Навезени спомени“ во чест на Блаже Конески

Ана Ололовска

Изложба на дигитални графики од студентите од Факултетот за ликовни уметности

Изложба „Преку планината: или за двата паралелни неолитски света на Слатина – Зелениково и Церје – Говрлево“

Самостојна изложба на Афердита Кики во Тетово

А1он