„Џокер“ и „Ирецот“ со најмногу номинации за Оскар

Од:

Американската Академија за филмски уметности и наука (АМПАС) денеска ги објави годинешните номинации за Оскар, кога за првпат во историјата еден македонски филм доби две номинации.

Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов ќе се бори за Оскар во категориите, за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Убедливо најмногу, 11 номинации, освои филмот „Џокер“ на режисерот Тод Филипс, по што следи „Ирецот“ на Мартин Скорсезе со 10.

Во номинацијата за најдобар фил за Оскар се издвојуваат остварувањата „Форд против Ферари“, „Ирец“, „Зајакот Џоџо“, Џокер“, „Мали жени“, „Брачна приказна“, „1917“, „Беше еднаш во Холивуд“ и „Паразити“.

Оскар за најдобар режисер може да добие Мартин Скорсезе („Ирец“), Тод Филипс („Џокер“), Сем Мендес („1917“), Квентин Тарантино („Беше еднаш во Холивуд“) и Пон Чжун Хо („Паразити“).

За Оскар за најдобар актер ќе се борат Антонио Бандерас („Болка и слава“), Леонардо Ди Каприо („Беше еднаш во Холивуд“), Јоаким Феникс („Џокер“), Адам Драјвер („Брачна приказна“), Джонатан Прајс („Двајца Папи“).

Во номинацијата најдобра глумица се Синтија Ериво („Хариет“) Скарлет Јохансон („Брачна приказна“), Сирша Ронан („Мали жени“), Шарлиз Терон („Скандал“) и Рене Зелвегер („Џуди“).

Во категорјата најдобар машка споредна улога за Оскар се номинирани Том Хенкс („Прекрасен ден во соседството“), Ентони Хопкинс („Двајца Папи“), Ал Пачино и Џо Пеши (двајцата за „Ирец“) и Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“).

За наградата најдобра женска споредна улога претендираат Кети Бејст (Случајот на Ричард Џуел“), Лора Дерн („Брачна приказна“), Скарлет Јохансон („Зајакот Џоџо“), Флоренс Пју („Мали жени“) и Марго Роби („Скандал“).

Целосниот список на номинации е објавен на веб сајтот на акедемијата.

Би можело да ве интересира

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

(ВИДЕО) „Се во исто време“ однесе седум Оскари, неверојатно враќање на Брендан Фрејзер

Катерина Ѓуровски

Лејди Гага одби да настапи на Оскарите – има проблем и нема решение

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шамарот кој одекна низ светот: Вил Смит моли за прошка