Двојазична поетска книга „Историја на војните“ од Саво Костадиновски

Од:

„Македоника литера“ ја објави поетската книга на Саво Костадиновски „Историја на војните“, двојазично: на македонски и на германски јазик.

Книгата содржи шеесетина патриотски и родољубиви песни, тематски поврзани првенствено со историјата на Македонија, нејзините историски премрежиња и пресвртници, значајни настани и знаменити личности, како и поговор и белешки на германскиот македонист и славист Волф Ошлис.

Содржината и концепцијата на книгата ги појаснува и авторот во воведната белешка, во која пишува: „Не сум ниту првиот, ниту последниот писател кој напишал и пишува песни за историјата и за војните. Но, сигурно е дека за една толку опширна и значајна тема, не може многу да се каже, освен најбитното. Имено, јас настојував хронолошки да го опфатам периодот од Александар Македонски, па до најновото време. Опфатено е најзначајното од повеќе области, како, на пример: историјата, војните, некои од хероите, просветителите, некои културни дејци, и други теми, кои ги напишав, објавувајќи ги претходно низ литературната периодика“.

Во поговорот Волф Ошлис, меѓу другото, пишува: „Авторот се сеќава на историјата, културата и судбината на својот народ, историските податоци и настани стануваат предмет на неговото творештво, па затоа трагедијата и волјата за живот на Македонците обработува еден вид на меа рес агитур: Станува збор за нешта кои директно ме засегаат! Тоа е добро и потребно во она време кое изгледа заборавено за Македонија, нешто што е в ред или би требало да е в ред…“

Саво Костадиновски (1950) е поет, раскажувач, препејувач. Роден е во село Горно Ботуше, Македонски Брод. Од 1971 година живее и работи во Германија, а од 1973 година во Келн. Пишува лирика и проза за деца и за возрасни. Објавил четириесетина книги за деца и млади, автор е на поетската книга за возрасни Поезија за поезијата (двојазично издание на македонски и на романски јазик, 2002, на македонски и на германски јазик, 2012), Трите века, биографско-хронолошки роман за возрасни (2005).

Добитник е на неколку награди и признанија и е преведуван на српски, хрватски, германски и на романски јазик. Застапуван е во лексикони, избори и антоло¬гии во Македонија и во Германија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (од 1989 година) и на Сојузот на писателите на Германија (од 1993 година).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска