Две прикажувања на „Медена земја” денеска во Крива Паланка

Од:

Во Националната установа Центар за кулутра – Крива Паланка денеска во два термини, од 11 часот и од 17 часот се прикажува документарецот „Медена земја“, годинашниот македонски кандидат за најпрестижната филмска награда „Оскар”.

Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК – Крива Паланка итакна дека интересот на јавноста за овој филм е голем.

– Интересот на публиката за овој филм, кој наиде на исклучително позитивни критики на светската филмска јавност е голем, за време на прикажувањето во септември салата беше преполна, така што ние како установа овозможивме повторно прикажување на филмот. Мора да нагласам, интересот на граѓаните е повторно на задоволително ниво, и сите кои не можат да го проследат во претпладневнито термин, може да го погледнат попладнево, во 17 часот, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.

Најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја“ со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“. „Медена земја“ (Honeyland) е и во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди.

Филмот е атрактивна приказна за правилото за баланс со природата по кое се води главната хероина Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.

Цената на влезниците е по симболична сума од 50 денари.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето