Две нови илустрирани книги за деца од Весна Костантинова

Од:

Две илустрирани книги за деца „Рисот Ристе и пријателите од Африка“ и „Рисот Ристе и пријателите од Јужна Америка“ од авторката Весна Костантинова денеска беа промовирани во Скопје.

Книгите, објавени на македонски и албански јазик, се наменети за деца од предшколска и школска возраст преку кои тие се запознаваат со дел од убавините на државата, со недопрената природа, планините и езерата, но и со секојдневните проблеми кои и се закануваат, особено со неодговорното фрлање на сметот.

Книгите, како што посочи авторката, се и корисна алатка за поттикнување на поголема интеракција и разговор меѓу детето и родителот или старателот и воспитувачот во цел поголема едукација, информираност и градење на чувство на одговорност за своите постапки и за сопственото здравје, со посебен акцент врз здравата исхрана. Истовремено во книгата се провлекуваат морални пораки за истрајноста, упорноста, самодисциплината, помагањето, неоткажувањето итн.

– Главната цел е да ја поттике љубопитноста кај децата, да ја разгори желбата за стекнување на нови знаења и да им помогне да израснат во здрави и одговорни личности. Истовремено делата имаат за цел и да влијаат врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет, но и за прифаќање на различностите и пронаоѓање на заедничките особини со другите. Голем акцент е ставен на другарувањето, заедништвото, взаемното почитување и помагање, вели авторката Констатинова.

Книгите може да се купуваат по симболична цена од 150 денари.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска