Две книги од Славе Катин промовирани во Канада

Од:

Во МПЦ „Света Богородица“ во Кембриџ, Онтарио, Канада, вчера беше промовирана книгата „Macedonians in the World“ (Македонците во светот) од Славе Катин, во која е претставен развојниот пат на македонското иселеништво, што се совпаѓа со развојот на настаните на Балканот и бил во зависност од настаните во Македонија.

-Како резултат на тоа, преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред сè од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за преселби во многу земји во светот, посочил на промцијата на книгата Петар Медичков, претседател на МПЦ „Света Богородица“.

Во публикацијата е потенцирана и улогата на македонските православни цркви и црковни општини, клупски и други асоцијативни облици на собирање во прекуморските и во европските земји.

Покрај оваа книга, во МПЦ „Света Богородица“ во канадски Кембриџ вчера е промовирана и книгата „Александар III Македонски“ од Славе Катин и коавторот Георги Бранов кој педесетина години живее во Канада.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска