Две децении издавачка куќа „Три“- специјална едиција со 20 наслови

Од:

Дваесет години постоење издавачката куќа „Три“ овој месец ќе ги одбележи со промоција на специјална едиција од 20 наслови кои во изминатите две децении оставиле најсилен печат во нивната работа и на македонската книжевна сцена.

Деновиве ќе бидат промовирани првите десет наслови од оваа едиција: „Последниот чај“ од Винка Саздова, „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, „Папокот на светот“ од Венко Андоновски, „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров, „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска-Георгиева, „40 правила на љубовта“ од Елиф Шафак, „Мајсторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков, „Сапиенс“ од Јувал Ноа Харари, „Лидер без титула“ од Робин Шарма и „Платформа“ од Мишел Уелбек.

Оригиналниот дизајн на кориците за оваа едиција е изработен од уметникот Зоран Кардула. Јубилејот во текот на целиот месец ќе биде одбележан и со значителни попусти на книги, акции, промоции и многу изнeнадувања за читателите.

Издавачката куќа „Три“ е основана на 23 ноември 1999 година од Винка Саздова. Издаваштвото прераснува во семеен бизнис кој денес го водат нејзините тројца синови. Во 2003 година е отворена нивната прва книжарница во центарот на Скопје, а истата година ја отвораат и првата интернет-книжарница www.kniga.mk – која денес е меѓу водечките сајтови за продажба на книги. Во 2005 година почнува со работа кафе-книжарницата во ГТЦ, а во 2016 година – книжарницата во Дебар Маало, во чија близина се наоѓа и Редакцијата на „Три“. Минатиот месец беше отворена и четвртата книжарница, во ТЦ „Зебра“ во Капиштец.

Издавачката куќа „Три“ денес има 17 вработени. Во изминатите две децении има објавено повеќе од илјада наслови, во над еден милион примероци. Најпродавани книги се „Последниот чај“ од Винка Саздова и „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров, кои имаат по 14 изданија, „Калуѓерот што го продаде своето ферари“ од Робин Шарма, „Папокот на светот“ од Венко Андоновски.

Со логото на „Три“ се објавени значајните дела „Македонија е сè што имаме“ од Киро Глигоров, како и „Тунел“, последниот роман од Петре М. Андреевски. Во Клубот на читатели „Три“ има над 20 000 членови.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска