Дваесеттиот фестивал „Албански театар во Северна Македонија“ од 2 до 9 септември

Од:

Дваесеттото издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“ ќе се одржи од 2 до 9 септември, информираше за МИА Илбер Нуредини, директор на фестивалот.

– Со посебно задоволство сакам да ја информирам јавноста, преку агенцијата МИА, која редовно отстапува простор за нас, дека веќе реномираниот фестивал, што е препознатлив бренд на Дебар, ќе се одржи по дваесетти пат, од 2 до 9 септември. Уште кога почнавме, ентузијазмот и надежта не не напуштија ни за миг, но искрено потајно не ни верував дека ќе достигнеме до 20-тото издание, рече Нуредини, кој од самиот почеток е директор на фестивалот.

Додава дека пред дебарската публика, во големата сала на Центарот за култура, ќе се претстават девет театарски куќи од земјава, Косово и од Албанија.

-Честа да го отвори јубилејното издание ќе му припадне на тетовскиот театар со претставата „Проклетите“ од Олса Пошка во режија на Гент Чајани. Следните денови ќе настапат актерите од нациналните установи Гостиварски театар од Гостивар, Албански театар од Скопје и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – албанска драма од Куманово. Тука се и театрите од Тирана, Драч и Корча од Албанија и од Урошевац и Приштина – од Косово, рече Нуредини.

Завесата на фестивалот ќе биде спуштена вечерта на 9 септември, со претставата „Пролетното будење“ од Френк Ведекинд и со доделување на наградите за најдобрите.

-Сакам да изразам голема благодарност до Министертвото за култура на РСМ за континуираната поддршка, иако и понатаму постои нашето барање за институционализација на фестивалот. Годинава Министертвото не поддржува со 1,5 милиони денари. Исто така, голема поддршка имаме и од Центарот за култура, локалната власт, како и од компаниите „Слајс“ и „Кнауф“, рече Нуредини.

На ланскиот фестивал, кој се одржа на отворено поради пандемијата, стручното жири предводено од Џеват Лимани, за најдобра претстава ја прогласи „Јулие Цезар“ во изведба на театарот „Кујтим Спахивогли“ од Тирана во режија на Ивица Булјан.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска