Драмски театар гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево

Од:

НУ Драмски театар Скопје денеска гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево со монодрамата на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, „Кармен“.

Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, преводот е на Ненад Велковски, сценограф е Валентин Светозарев, сценските движења се на Олга Панго, костимограф е Раде Василев, композитор е Горан Трајковски, а фотографии и дизајн на плакат се на Елена Бојаџиева.

Претставата „Кармен“ премиерно беше изведена на 21 мај.

Биљана Драгиќевиќ – Пројковска е добитник на награда за најдобар актер за претставата „Кармен“ на Фестивалот на монодрамата во Битола 2021 година.

Фестивалот „РУТА групација Триглав“ е составен од шест театри од регионот: МГЛ Љубљана, Словенија, Театарот Улисис, Загреб, Хрватска, Камерен театар 55, Сараево, Босна и Херцеговина, Градски театар Подгорица, Црна Гора, Драмски театар Скопје, С. Македонија, и Белградско драмско позориште, Србија.

Основната цел на фестивалот е поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешниот сојуз во естетска, репертоарска, но и организациска смисла. Ова претставува одлична можност театарските куќи да се презентираат и промовираат во регионот и секако да се направи пат за понатамошни ко-продукции или други форми на соработка, информираат од НУ Драмски театар Скопје.

Би можело да ве интересира

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар со претставата „Фирма“ гостува во Словенија

Премиера на „Падот на Масада“ во Драмски театар

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Драмски театар Скопје со претставата „Мојот маж“ учествува на фестивалот РУТА во Хрватска

Катерина Ѓуровски

Драмски театар Скопје утре гостува во Приштина

Ана Ололовска