Документарниот филм за актерката Анче Џамбазова – онлајн премиера во сабота

Од:

НУ Театар Комедија заедно со Општина Аеродром го реализираат во континуитет Фестивалот на комедијата „Гола месечина“.

На последното издание на Фестивалот, септември 2019, за прв пат беше воведена и наградата за животно дело „Анче Џамбазова“, во чест на една од најголемите наши актерки, која важеше и за мајстор на комедијата. Управата на театарот и Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин, донесоа одлука да биде снимен и документарен филм за Анче Џамбазова, кој имаше своја премиера во рамките на „Гола месечина 2019“.

Градоначалникот Златко Марин и директорот на Театар Комедија, по одржаниот работен состанок преку видео врска, одлучија документарниот филм за Џамбазова да биде прикажан и пред пошироката јавност, односно да биде емитуван онлајн на 4 април, сабота, со почеток во 20 часот на You Tube каналот на кој се емитуваат претставите на Театар Комедија.

Филмот е финансиски поддржан од средствата наменети за одржување на Фестивалот, од страна на Општина Аеродром, предводена од градоначалникот Златко Марин.

Режисер на документарниот филм е Миле Гроздановски, а сценарист и асистент на режија е Гоце Трајковски.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето