Документарниот филм „Во срцето на Балканот- Барајќи го рисот“

Од:

Во Кинотека на Македонија вечер ќе биде прикажан документарниот филм „Во срцето на Балканот- Барајќи го рисот“ на познатата германска авторка и режисерка Корнелија Фолк.

Филмот ја раскажува приказната за младиот рис Марко, што тимот на Македонското еколошко друштво го залови во Националниот парк Маврово во 2010 година и на кој прв пат во Македонија му беше поставен ГПС околувратник. Филмот претставува и потсетник за загрозеноста на балканскиот рис, чија бројност е на работ на истребување на Балканот.

Прикажувањето на документарниот филм е во рамки на програмата посветена на филмови за животните и нивната заштита во организација на Кинотека на Македонија што ќе трае во наредните два дена.

Филмот е изработен од германската продукција Метју Филм, во име на Мителдојчер Рундфунк (МДР) во соработка со европскиот канал за култура Арте. Премиерно беше емитуван на неколку јавни телевизиски канали во Европа во 2011 година, а беше дел од меѓународни филмски фестивали за природа во Германија, Аврстрија, Италија, Естонија, Финска, Словачка, Чешка, Полска и Кина.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето