Документарниот филм „Кеиф“ со проекции во Скопје и Белград

Од:

Документарниот филм „Кеиф“ (Македонска чалгиска традиција) ќе има проекција во рамките на Филозофскиот филмски фестивал со почеток од 21.00 часот во летното кино на Кинотека, која што ќе биде пропратена со излагање на сценаристот на филмот, проф. д-р Ристо Солунчев, на тема „Македонска музичка епистема“.

Покрај тоа, филмот „Кеиф“, денеска ќе има проекција и во Белград, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура во Белград“, во програмата „Денови на современиот македонски филм“, која што од 18.00 часот ќе се одржи во Арт киното на Етнографскиот музеј.

Документарниот филм „Кеиф“ ја прикажува Македонската чалгија која е вкоренета во музичкиот код на многу генерации и претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска во еднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем.

Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи) основани во Скопје, Охрид, Велес, Кавадарци, Битола, но исто така и турската класична музика, преку академски професори од Турција.

Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, што носи на површина важен сегмент од македонските музички традиции за идните генерации.

Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

Документарниот филм „Кеиф“ е во режија на Блаже Дулев, а во продукција на „Авард филм и видео“ и истиот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето