Документарецот „Сакро ГРА“ добитник на „Златниот лав“ во Венеција

Од:

Италијанскиот документарен филм „Сакро ГРА“ на Џанфранко Роси синоќа ја освои наградата „Златен лав“ на Меѓунардниот филмски фестивал во Венеција.

Филмот, кој говори за животот на автопатишата околу Рим, е првото италијанско остварување што се закити со главната награда на фестивалот во Венеција по 1998 година.

На синоќешната церемонија на доделување на наградите, „Сребренито лав“ за режија му припадна на грчкиот режисер Александрос Авранас за филмот „Госпоѓица Насилство“, кој говори за сексуалното насилство и малтретирање.

Оовј филм ја доби и наградата за најдобра машка улога, која му припадна на Темис Пану, додека наградата за најдобра женска улога ја доби Италијаката, Елена Кота за рољата во филмското остварување „Улица во Палермо“ на Ема Данте.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ