Доделувањето на Оскарите, во знак на филмската музика

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Судејќи според најавите на продуцентите, 85-тото доделување на Оскари, кое е закажано за 24-ти февруари ќе биде во знак на музика и танц, бидејќи сите познати филмски ѕвезди ќе настапат за да одадат почит на филмската музика.

Продуцентите на церемонијата Крег Зејдан и Нил Мерон открија дека ќе настапат ѕвездите на филмот „Јадни“, Хју Џекмен, Ен Хатавеј и Расел Кроу, а ќе им се придружат и Хелена Бонам Картер, Џесика Хадсон и Кетрин Зета Џонс.

Тие открија дека церемонијата за доделувањето на наградите Оскар, ќе биде со многу изненадувања.

-Не сакаме да играме на сигурно – изјави Зејдан, додавајќи дека продукцијата ќе биде голема.

Сепак не сакаа да откријат многу детали, само ги потврдија гласините дека ќе настапат Џастин Тимберлејк и Барбра Страјсенд.

Помеѓу изведувачите ќе биде и британската пејачка Адел, која ќе ја испее песната „Skyfall“, како истоимениот филм за Џејмс Бонд, но продуцентите ги негираа гласините дека на бината ќе излезат сите актери кои до сега го играле познатиот агент 007.

Целата церемонија ќе трае помалку од три часа, а меѓу ѕвездите кои ќе ги врачат наградите, ќе се најдат и шест студенти од филмската академија.

Водител на 85-тото доделување на Оскарите ќе биде Сет Мек Фарлан.

Би можело да ве интересира

Филмот „Наполеон“ конечно ќе ја види светлината на денот

Предраг Петровиќ

Подгответе се за празниците: Список на нови божиќни филмови

Предраг Петровиќ

Режисери и продуценти бараат да не се крати буџетот за филм – упатија писмо до Министерството за култура

А1он

„Бизнисот на задоволството“ во друштво на Оскаровци

Пол Мескал глуми во филм кој ќе се снима повеќе од 20 години

Горан Наумовски

Интернационална премиера на филмот „Досие Иднина“ на филмскиот фестивал во Нанси