Доделени наградите на 49. Државен фестивал на непрофесионален филм

Од:

Златна плакета од УНИКА (UNICA – Union Internationale du Cinéma / Интернационален филмски сојуз) за придонес и поддршка во популаризацијата и афирмација на непрофесионалниот филм и е доделена на Кинотеката на Република Северна Македонија во рамки на 49. Државен фестивал на непрофесионален филм – „ДФНФ – Скопје 2020“.

Киносојузот на Македонија и Народна техника на Македонија во соработка со Град Скопје и Кинотеката организираа официјална проекција на филмовите и доделување на наградите од 49. ДФНФ – Скопје 2020.

Доделувајќи ја наградата од УНИКА, претседателот на Киносојузот на Македонија Саша Дукоски истакна дека Кинотеката во сите изминати години е голем поддржувач на Киносојузот. Директорот на Кинотеката Владимир Ангелов, пак, наградата им ја посвети на сите вљубеници во филмот.

На Државниот фестивал на непрофесионален филм годинава во четири категории конкурираа 32 филма од 24 автори, од кои 12 се самостојни, а останатите се од шест клубови. Во официјална конкуренција беа примени 11 филмови. Одлуките за наградите ги донесе стручното жири, во состав Мишо Нетковски – претседател и членовите Миле Петковски и Петре Чаповски.

Награди за документарен филм: Бронзена плакета – „Секирџија“ на Љупчо Ристовски; Сребрена плакета – „Петре – Љубов, бол и непребол“ на Сара Стојановска и Филип Илиевски; Златна плакета – „Црвени Стени“ на Петар Ставрев.

Награди за краток игран филм: Бронзена плакета – „Кутија со музика“ на Ана Андонова; Сребрена плакета – „Пепел“ на Ѓорѓи Лазов; Златна плакета – „Донка“ на Александар Арсовски. Гран-при – „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски.

Награди во категоријата анимиран филм не се доделени.

Награди за експериментален филм: Златна плакета – „Конекција“ на Ана Андонова.

Награди за авторски остварувања: Златна плакета за монтажа – „Заборавена земја“ на Зоран Пиловски; за режија – „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски; за камера – „Тишина“ на Зоран Пиловски, Роберт Темелкоски и Андреј Златноски; за идеја – „Првиот македонски аниматор“ на Матеј Костовски; за сценарио – „Петре – љубов, бол и непребол“ на Сара Стојановска и Филип Илиевски и за актерско остварување – актерката Изабела Јакимова во филмот „Донка“.

Официјалната селекција од шест филма што ќе го претставуваат Киносојузот на фестивалот на УНИКА е составена од „Црвени стени“ на Петар Ставрев, „Тишина“ на Зоран Пиловски, „Конекција“ на Ана Андонова, „Секирџија“ на Љупчо Ристевски, „Донка“ на Александар Арсовски и „Јас ќе си пеам“ на Глигор Кондовски.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето