Доделена „Цветинова награда за мир” на протоереј професор д-р Рамотир Грозданоски

Од:

Со пригодна церемонија во Соборниот храм Свети Климент Охридски, а по повод големиот празник Свети Стефан, денеска му беше доделена „Цветинова награда за мир” на протоереј д-р Ратомир Грозданоски, универзитетски професор на Богословски факултет во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Уметникот и хуманист Живко Поповски-Цветин му ја врачи наградата со своето име, што ја востанови од минатата година, на која се нацртани три златни цвета, а во знак на признание за неговиот севкупен придонес за мирот и воздигнување на духовните вредности, воедно и за прозното воспевање на цвеќето, преку есеите што д-р Грозданоски ги напиша во книгата „Цвеќе на мирот”, како и за низата научните студии на тема „Цвеќето во Библијата”, која сѐ уште е предмет на негово истражување и опишување.

Церемонијата на доделување се одржа во салата на Македонската православна црква.

Ратомир Грозданоски (Брест, Шорече, Македонски Брод, 15 мај 1959) е македонски теолог, професор и протоереј. Во 1978 завршил Македонска православна богословија, а во 1983 дипломирал на Православниот богословски факултет во Скопје. Во 1994 магистрира, а во 2001 докторира на Филолошкиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил и на студии на Аристотеловиот универзитет во Солун и на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Атина. Посетувал настава и на Богословскиот факултет во Атина, а бил и на студиски престој во Даблин, Ирска.

По враќањето во Скопје, работи како референт за просвета во Скопската митрополија, а потоа е поставен за професор во Македонската православна богословија, каде останува седум години, а во 1990 година е избран за наставник на Православниот богословски факултет во Скопје, по предметите Библија – Свето писмо на Новиот завет и старогрчки јазик. Во 2006 година е избран и за декан на Факултетот.

Бил близок соработник на поглаварите: Ангелариј, Гаврил, Михаил и Стефан. Член е на Советот за меѓурелигиска соработка во Република Македонија и негов прв претседател од 2002 до 2006 година и на Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Богојављенски собир на светската хуманистичко – интелектуална елита на онлајн конференција во Охрид

Ана Ололовска

„Цветиновата награда за мир“ за проф. д-р Ратомир Грозданоски

Ана Ололовска

Почна конзервацијата и реставрацијата на монументалниот иконостас во прилепската црква „Свето Благовештение“

А1он

„Македонски црковен календар“ – нова книга од Марко Китевски

Ана Ололовска

Реконструиран главниот конак на Св. Пантелејмон

Ана Ололовска

Ќе се заокружи петгодишниот процес за реевиденција на иконите во прилепско

Ана Ололовска