Добитник на „Рациновото признание“ за 2017 Ана Стојаноска за романот „Јас и Лин, отпосле“

Од:

Добитник на наградата „Рациново признание“ за 2017 е Ана Стојаноска за романот „Јас и Лин, отпосле“, информира на денешната прес-конференција Васил Зафирчев директор на манифестацијата Рацинови средби.

Одлуката ја донела жири-комисијата во состав минатогодишните лауреати Сашо Димоски и Владимир Јанковски и Марија Ѓоргиева Димова професор на Катедрата за Општа и компаративна книжевност.

Како што информира Зафирчев во првиот круг за наградата влегле десет, а во вториот пет романи.

– Станува збор за текст кој може да се чита како отворен книжевен експеримент, во кој преку преплетување на неколку различни конвенции и постапки (романескни, драмски, дневнички, епистоларни, поетски и оние од поп-културата) се создаваат специфични жанровски микстири. Книгата изоболува со бројни интертекстуални постапки (роман во роман, текстови во текст) и интертекстуални референции кон различни книжевни и филмски текстови, појасни Зафирчев.

Ана Стојаноска е вработена како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, дипломирала општа и компаративна книжевност, а магистрирала и докторирала театрологија.

Во изјвата за МИА таа појасни дека овој роман го напишала пред 12 години, конкурирала во повеќе издавачки куќи и конечно од ИК „Блесок“ препознале нешто во него и и го објавиле.

– Огромно ми е задоволство што ја добивам наградата со името на Рацин кој е мојот омилен писател и поет и воопшто сметам дека оваа е една од најголемите книжевни награди што може да се добие. Се надевам дека овој мој роман ќе направи промена во македонската книжевност, порача Стојаноска.

Почесното Рациново признание за 2017 за првпат постхумно се доделува на професор Предраг Матвеевиќ. Во стручното жири биле д-р Људмил Спасов и проф д-р Јелена Лужина.

Проф Лужина појасни дека Предраг Матвеевиќ 1932-2017, кој починал пред нецели четири месеци, 55 години бил универзитетси професор и шеф на катедри на три универзитети: загребскиот, париската Сорбона и римската Ла Сапиенца. Добитник е на педесетина најпрестижни европски награди, објавил петнаесет авторски книги на хрватски и уште пет на француски. Бил почесен потпретседател на ПЕН и од 2009 на МАНУ.

– Тој направил се да го спаси од затворот македонскиот поет Јован Котески и придонел казната затвор од пет години да му се намали на две години. Секој кој макар ќе спаси еден човек е голем човек, потенцира Лужина.

Наградата „Антологија на болката“ за 2017 за дебитантска книга ја доби Митко Апостолов за стихозбирката „Тело одречено од пливање“.

Наградата на твитер „Напиши Љубов во 140 карактери“ годинава ќе ја добие Марица Тренчева од Кавадарци која на твитерот на манифестацијата Рацинови средби напиша, „Љубов, мир и љубов војна, љубезно, подљубени, заљубени“.

И оваа како и останатите награди и признанија ќе бидат врачени на годинашните 54 Рацинови средби во Велес на 9 и 10 јуни. Истите и годинава ги организира општина Велес и Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска