ДЛУМ го промовираше новиот простор со изложба на претседателите на Друштвото

Од:

Во Градскиот трговски центар (ГТЦ) на вториот кат денеска со изложба на дваесетина дела од досегашните претседатели на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) беше отворен новиот галериски простор „Арт хаб“ (Art Hub), што Друштвото ќе има можност да го користи 120 денови во годината.

Претседателот на ДЛУМ, Филип Фидановски нагласи дека просторот симболично се отвора токму на 13 ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со цел да испратат порака дека борбата за галериски простор на ДЛУМ не престанува.

– Се надевам дека ова е инцијална каписла на она на што треба државата да го одговори. Семејството Новаковски како приватници и помагаат на културата со овој простор, државата треба да го следи тој пример. Се надевам дека државата ќе има слух за културата малку повеќе од се останато. Сведоци сме години наназад како е третирана културата, истакна Фидановски.

Тој посочи дека овој галериски простор, за кој се бори ДЛУМ, ќе продонесе за образованието на народот во однос на културата, како и за туризмот.

– Не само галерија на ДЛУМ, јас посакувам многу повеќе галерии во градот, за да живее народот, за да не мисли на беспарицата, за да не мисли на бедниот живот којшто го води, туку барем малку да ужива во нешто што е возвишено кое се нарекува уметност, наведе претседателот на ДЛУМ.

Тој изрази надеж дека новиот галериски простор ќе живее и ќе го врати сјајот на ГТЦ.

– На градот му требааат урбани простори, му требаат уметнички галерии, му требаат културни настани. За жал, во градот сè помалку има такви настани. ДЛУМ тука ќе организира дел од своите програмски активности. Со „ЕКСИМА“ ДООЕЛ, сопственикот на просторот, склучивме договор за заемна соработка, ќе го нудиме просторот, тука ќе организираме изложби, рече Фидановски.

ДЛУМ постои речиси 75 години, но нема сопствен галериски простор, иако со години се обидува да го добие од државата.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“