Дискусија и филм за Пламен Горанов утре во ГЕМ

Од:

Проекција на краткиот филм „Пламен“ за Пламен Горанов, ќе се одржи утре во 19 часот во ГЕМ клубот во Старата скопска чаршија, во рамки на настанот „Пламенот на слободата“. Во протестите во Бугарија, 2013 година, Горанов како лидер на протесите се самозапали.

Филмот е во режија на Андре Андреев, сценариото е на Мартин Маринос, а продукцијата е на „Dress code NY“ од Бугарија/САД.

Гостин на дискусијата што ќе следува по проекцијата е Марко Стаменковиќ, теоретичар од Белград.

covekgoribg

„Пламенот за слободата” е замислен како јавен настан со намера да ги преиспита повторно поимите на “моќта” и “да се биде” во однос на “смртност” и “видливост.

Надежта е дека ваквите дискусии исто така, можат да придонесат за нашето реобновено разбирање на тековните политички, социјални, економски и културни услови во кои “едноставно (горење) на човекот претставува уникатно искуство кое застрашува: тој / таа има за цел промена на балансот на моќта во неговата / нејзината група или во општеството.

Со овие претпоставки, после проекцијата на краткиот филм (Пламен, 2013) ќе следува дискусија, така што нашето внимание насочено кон главната тема на настанот: јавни протести и улогата на поединецот и неговото учество во колективните движења сите во контекст на најновата политичка и финансиска криза во Европа – правејќи аналогии со примерите на Балканот (во случајот Бугарија и Македонија)“, соопштуваат организаторите.

Овој настан е дел од серијата дискусии во организација на здружението за култура и уметност Факултет за работи што не се учат како дел од годишните програмски активности на АКТО фестивалот за современа уметност.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето