Директорите на театрите бараат средба со Заев за скандалозната програма за култура

Од:

По вчерашната заедничка средба меѓу директорите на десет национални установи за скандалозната распределба на пари во Министерството за култура за националната програма за 2019 година, договорено е тие да бараат ревизија на програмата и средба со премиерот Зоран Заев.

На средбата учествувале директорите на Македонскиот Народен Театар, Драмски театар, Театар Комедија, Турски театар Скопје, „Антон Панов” Струмица, „Марко Цепенков” Прилеп, „Јордан Хаџи Константинов Џинот” Велес, „Трајко Прокопиев” Куманово, Народен театар Битола и Центарот за култура од Битола.

„Во исчекување сме на средба со надлежните“, велат тие во заедничкиот допис.

Премиерот Зоран Заев вчера најави дека ќе биде поништен дел од конкурсот, меѓутоа не и за националните установи, бидејќи таму немало нерегуларности. Очигледно, првите луѓе не се согласуваат со ваквиот став и бараат ревизија и на Националната програма според која треба да се финансираат проекти од буџетот на Министерството.

Распределбата на парите за националната програма на Министерството за култура и конкурсот за проекти од национален интерес предизвика жестоки реакции веднаш по неговото објавување. Видни уметници го дигнаа својот глас против селективноста при изборот и фаворизирањето на одредени проекти на сметка на долгогодишни манифестации кои придонесуваат за развојот на културата во земјава, кои беа исклучени од конкурсите.

 

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Министерството за култура доделило 900.000 денари за бришење на шкртаниците од Шарената револуција тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите