Дирекцијата за култура и уметност на Скопје ја презентираше програмата на фестивалот „Скопско лето“

Од:

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје на денешната прес-конференција ја презентираше програмата за четириесет и второто издание на фестивалот Скопско Лето, што секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули.

-Нашата држава располага со голем број квалитетни и талентирани автори и уметници. Затоа и оваа година најголемиот дел од програмата е посветен токму на домашните изведувачи, но ја отвораме и портата за меѓународна соработка. Оваа година во програмата имаме гости од регионот, односно Србија, Хрватска и Црна Гора. Исто така имаме гости од Австрија, Германија, Канада, изјави директорот на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, Никола Георгиев.

Георгиев истакна дека и покрај проблемите околу финансиите и поддршката, Скопско Лето се труди да опстои на традицијата, како и да даде можност на домашните и странските уметници, но исто така и да и овозможи квалитетна програма на публиката.

Програмата, како што информира директорот на Дирекцијата изобилува со содржини насочени кон оние кои културата ја гледаат како забава, но исто така има и содржини што се обраќаат на публиката која има изградено високи естетски мерила и критериуми.

-И оваа година најзастапена во програмата ќе биде музиката, но ќе има и изложби, театарски претстави и филмска програма во рамки на „Кафе кино“, што е традиционална содржина на фестивалот, додава Георгиев.

Манифестацијата ќе се отвори на 21 јуни со операта без зборови насловена „Од оркестарот за публиката“, што ќе се одржи во Салонот на Националната опера и балет, со почеток во 21 часот. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски. Настанот е во соработка со Националната опера и балет. Учествува Оркестарот на Националната опера и балет, додека испициенти се Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ и Марко Павлевски. Ќе се изведуваат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини, Верди.

По повод 110 години од раѓањето на Димче Коцо, во негова чест Националната галерија на Северна Македонија на 23 јуни ќе ја отвори изложбата „ Омажот за Димче Коцо“, во Чифте амам. Изложбата ќе опфати речиси 150 таписерии, слики, скулптури и цртежи од сите фази на творештвото на овој реномиран автор, како и негови лични документи, а ќе биде отворена до крајот на август.

Би можело да ве интересира

Староградски албански песни вечер на „Скопско лето“, фестивалот завршува утре со концертот „Вода“

Ана Ололовска

Концерт „Модерниот дух на староградската песна“ на Лаура Крлиу

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Приказни од Пајко Маало“ на Марина Мијаковска

Ана Ололовска

Балетска претстава „Сви марш на плес“ вечер во НОБ

Ана Ололовска

Изложба на фотографии „Портрети на уметници“ на Сашо Алушевски на Скопско лето

Ана Ололовска

Концерт на хрватскиот ансамбл Трио Јонген на Скопско лето

Ана Ололовска