Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист

Од:

Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист и заменик директор во Театарскиот институт во Прага, соработник во тимот на Прашкото квадриенале за сцeнски уметности во Чешка ќе се одржи вечер во организација на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, под покровителство на Амбасадата на Чешка, Министерството за култура и АТИ Прага продуцент Иванка Апостолова Баскар.

Свобода, како што соопшти екипата на Македонскиот центар на ИТИ / ПРОДУКЦИЈА, ќе зборува за проектите на Институтот пред и за време на Ковид-19.

– Нивната театарска архивистика е аналогна и дигитална-систематична и прегледна, сеопфатна, ги опфаќа градивата од доменот на драмскиот театар, операта, танцот и перформансот. Нивниот Институт е еден од најуспешните во источна Европа, се наведува во соопштението.

Неговото предавање пред се е наменето за земјите со претежно дисперзиран начин на архивирање и документирање на театарското градиво, и, како што посочуваат, ќе делува поттикнувачки за изнаоѓање на успешни матрици за интегрирано архивирање на постоечките институционални и приватни архиви и документациски материјали, кои ќе ги олеснат компаративните локални и меѓународни истражувања во доменот на историјата и современиот театар, танц, перформанс и опера, ќе овозможат меѓународна достапност и видливост на помалите театарски заедници во Европа и светот.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска