Девет концерти во шест дена на 18. ОФФест

Од:

Фестивалот ОФФест годинава ќе се одржува во рекордни шест дена, од 3 до 8 јуни, и ќе понуди девет концерти и еден документарен филм, соопшти организаторот – Скопски џез-фестивал.

Осумнаесеттото издание на ОФФест на 3 јуни во МОБ ќе го отвори виртуозниот дует на велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора-мастер Секоу Кеита, како и концертната премиера на новиот материјал на македонскиот музичар со њујоршка адреса Крсте Роџевски, кој ќе настапи со неговите најблиски музички соработници од њујоршката џез-сцена.

– На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм „Mali Blues”, а потоа и со концертот на единствениот Басеку Кујате и неговиот бенд „Ngoni Ba“, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум „Miri”. Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни во МОБ, со настап на најголемата ѕвезда на годинешниот ОФФест, атрактивната африканска дива Фатумата Дијавара, соопшти организаторот.

Во рамките на програмата „Balkan Fever Night”, на 6 јуни во МКЦ ќе настапат претставниците на „унгарската тамбура“ Sondorgo и нашиот Џамбо Агушев со неговиот многуброен дувачки оркестар.

Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ аудиовизуелен перформанс на либанската група „Love And Revenge“ и „Romperayo“ од Колумбија.

Годинашниот ОФФест, за кој влезниците ќе бидат пуштени во продажба денеска, ќе заврши на 8 јуни во клубот „Епицентар“ со ексклузивен полноќен диџеј-сет на Daddy G од „Massive Attack“.

Би можело да ве интересира

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска

Македонска вечер за почеток на Offest

Ана Ололовска