„Детски класици“ – нова едиција на издавачот „Феникс“

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ најави нов проект посветен на најмладите читатели – едицијата „Детски класици“, која ќе ја промовира на Саемот на книгата од 9-ти до 15 април.

Почнувајќи од овој, секој месец ќе бидат објавувани по две најпопуларни, најпознати и најпривлечни книги од детските класици, како Јакоб и Вилхелм  Грим, Ханс Кристијан Андерсен, Александар Сергеевич Пушкин, Шарл Перо, Е.Т. А. Хофман, А.А. Милн, Хју Лофтинг, Џорџ Лобачев, Е.Р. Бароуз, Марк Твен, Виктор Иго, Луис Керол… Цената на изданијата од едицијата „Детски класици” ќе се движи од 100 до 200 денари.

Во својата издавачка продукција „Феникс“ посветува внимание и на најмладите читатели и за 20 години има објавено над 1.000 изданија за деца и млади (боенки, сликовници, лектири за основно и за средно образование, енциклопедии, речници и разговорници, прирачници). Во „Феникс” активно работи Креативниот центар за деца и млади, се организира традиционален фестивал на детската книга, се распишуваат и реализираат наградни конкурси, а заедно со Фондацијата „Македонија презент” овој издавач ја доделува и наградата „Ана Франк“.

Оваа меѓународна награда за литература за деца и млади по четврти пат ќе биде доделена на претстојниот Саем на книгата. Добитници за 2013 се писателот Дејан Алексиќ од Србија, писателката и хуманист Катја Ерменкова од Бугарија и проф. д-р Виолета Димова од Македонија.

Би можело да ве интересира

Романот „Амбасади“ на Луан Старова објавен на бугарски јазик

Ана Ололовска

Нов број на списанието „Македоника“

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Мое виножито“ од Даниела Ангелова – Прнарова

Ана Ололовска

Промоција на „Порој од пепел“ од Исток Улчар

Ана Ололовска

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

А1он

Промоција на книгата „Парадоксикон“ од Томислав Османли

Ана Ололовска

Leave a Comment

1 × 3 =