Детска ликовна колонија на падините на Водно

Од:

Започна единаесеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон – 2017″. Учениците од десетте основни училишта од Општина Карпош, заедно со своите врсници од трите збратимени општини, Травник (БиХ), Тиват (Црна Гора) и Нови Београд (Србија), ја пренесоа на платно својата инспирација од преубавиот манастирски комплекс „Св. Пантелејмон” (Горно Нерези) и „Македонско село”.

На дводневната ликовна колонија учествуваат 30 основци кои во акрилна и комбинирана акварелна техника ќе ги изразат своите уметнички импресии од околните историски и традиционални куќи. Помошник раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош, Гордана Стојчевска Зафировска ја поздрави оваа долгогодишна манифестација која е плод на пријателство и одлична соработка со збратимените општини во делот на културата и уметноста.

Основците од Карпош, дружејќи се со своите пријатели од збратимените општини, со задоволство ја прифаќаат оваа наша културна манифестација каде сликаат, разменуваат искуства и го унапредуваат своето знаење во областа на ликовната уметност – истакна Зафировска.

Утре попладне на учесниците ќе им бидат доделени благодарници како награда за нивното учество на единаесеттата детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон – 2017″, а ликовните дела ќе бидат изложени до наредната среда (20.09.2017) во просториите на Детскиот ликовен центар (просториите на Кинотека на Македонија).

Би можело да ве интересира

Отворање на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци 2023

Заврши меѓународната Гостиварска ликовна колонија

Жарко Настоски

Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

А1он

Интернационална ликовна колонија во Галичник

Почнува 45-та Меѓународна ликовна колонија „Куманово“ во Пелинце

Заврши единаесеттата ликовна колонија “Скопје 2016“