Десетто издание на Десонанз фестивалот

Десонанз Фестивалот за електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми оваа година го прославува своето јубилејно, десетто издание.

Десетто издание е во организација и партнерство со Гете-институт Скопје и ,,3.14 Броколи,, и е сублимат на сите претходни години во однос на фокусот и презентирање на современата електронска музика и уметност.

Фестивалот ќе почне денеска, а ќе трае до 3 ноември и ќе се одржи на повеќе локации во Скопје.

Предвидена е работилница за Pure Data софтвер, презентација на првиот custom made грамафон направен во Македонија, мултимедијални видео инсталации – ,,10 години Десонанц Фестивал,, и ,,Полимат,, (видео-омаж посветен на делото и работата на Johan Wolfgang von Goethe), како и настапи на реномирани музички артисти.

Квалитет и Контекст. Современата музика ја достигна сингуларноста, точка во која сите жанрови, сите инструменти и сите звуци сочинуваат една Музика. Кога аналогното станува дигитално, електронското станува акустично, кога панкот е диско, класичната музика е метал и тишината е инструмент, единствените два критериуми кои се битни за музиката се Квалитет и Контекст. Водејќи се по овие два принципи, програмата на Desonanz Festival 2018 е богатство од врвна музика од широк спектар на жанрови, внимателно селектирана и ставена во контекст кој го вади најдоброто од уметноста во просториите на Македонската филхармонија, Музеј на Град Скопје, Отворено Графично студио и клубот Епицентар, нагласуваат неговите организатори.

Гала концертот и свеченото отворање се вечерва во Македонска филхармонија.

Две имиња на современата музика чии звуци и видео-колажи долги години се извор на восхит и инспирација за генерации на електронски музичари, амбиенталисти, класични композитори и видео уметници.

Fennesz е композитор, гитарист и еден од великаните на модерната класична музика, чест соработник на Дејвид Силвијан, Рјуичи Сакамото, Џим О’Рурк и секако проектот Fennesz+Lillevan, еден од најимпресивните мултимедијални проекти на денешницата и често дел од програмата на престижните светски фестивали од рангот на Transmediale, Unsound, Ars Electronica и сл.

Lillevan е германски ликовен и видео уметник, пионер на модерната видео-уметност и нејзината соодветна примена во музички контекст. Неговиот мек и органски стил на видео продукција со бројни аналогни артефакти е уникатен и нашироко препознатлив и имитиран во светот на денешната електронска музика.

Инициран и организиран во 2009 година од Гете-институт-Скопје, Десонанз станува синомим за презентирање на најновите музички достигнувања во електронската музика, cutting edge мултимедијални настани, визуелни уметности, нови медиуми.

Идејата е фестивалот да придонесе за развој и презентација на артисти од локалната сцена и поврзување со светски етаблирани артисти, пред се од германско потекло.

Целта за оформување на повеќе локални мултимедијални колективи и платформи кои се под директно влијание на самиот фестивал е остварена и реализирана со оформување на мултимедијалниот колектив Биткреш (BTKRSH). Фестивалот во изминатите години нуди и образовен карактер преку музички работилници: Ableton, Field Recordings, употреба на домашни уреди за креирање на музика, како и видео-работилници: Quartz Composer, Resolume, 3D Video Mapping.

Би можело да ве интересира

Ќе се реставрира „Ноќната стража“ на Рембрант

Ана Ололовска

Утврдена програмата за Демирхисарска летна школа

Ана Ололовска

Заврши меѓународната ликовна колонија во Гевгелија

Ана Ололовска

Почнува 35. интернационална ликовна колонија „Дебрца 2019“

Ана Ололовска

Десет уметници творат на 18. Меѓународна ликовна колонија во Гевгелија

Ана Ололовска

Изложба на слики по повод 45-годишен јубилеј на Стеван Цигаридов во Куманово

Ана Ололовска