Десет најдобри книги за 2014 година

Од:

Влијателниот весник „Њујорк Тајмс“ состави листа од 10 најдобри книги за 2014 година, на која се најдоа романи за Втората светска војна, патувањето на Маргарет Мид во Нова Гвинеја, биографијата на Пенелопе Фицџералд и книга за мировниот договор меѓу Израел и Египет.

Кога се работи за фикција, пет романи влегоа во изборот на уредниците на Њујорк Тајмс.

Романот „All the Light We Cannot See“ на Ентони Доер е приказна за два лика чии патишта се вкрстуваат во текот на Втората светска војна, сираче на генијалец кој нацистите го регрутираат и слепа жена од Франција, која се придружува на Движењето на отпорот.

„Dept. of Speculation“ на Џени Офил е роман сочинет од фрагменти, опсервации, медитации и различни гледни точки на брак кој се распаѓа.

„Euphoria“ на Лили Кинг е роман за патувањето на антропологот Маргарет Мид до Нова Гвинеја со вториот сопруг и како таму го запознала третиот.

Романот „Family Life“ на Ахил Шарме е полу-автобиографска приказна за индиски мигранти во Квинс.

„Redeployment“ на Фил Клеј, смета уредништвото на Њујорк Тајмс, е брилијантна колекција на приказни која ја напишал поранешен маринец, кој служел во Ирак и која покажува што се случува кога младите тешко вооружени Американци се судираат со странска земја која не ја разбираат.

Кога се работи за другите жанрови, на листата на 10 најдобри наслови за 2014 година се најдоа и графичките мемоари на Роз Част – „Can’t we talk about something more pleasant?“

Тука е и книгата на Еуле Биш „On Immunity: An Inoculation“, која е прекрасна мешавина на мемоари, научно новинарство и книжевна критика и приказна за нејзините искуства како млада мајка и стравот од вакцинација на детето.

„Penelope Fitzgerald: A Life“ на Хермиона Ли е приказна за англиска писателка и биографија која ја напишала авторката на биографијата за Вирџинија Вулф, Вили Картер и Идит Вортон.

„The Sixth Extinction: An Unnatural History“ на Елизабет Колберт е „извештај“ за насилен судир на цивилизациите и еко системот на нашата планета.

Книгата на Лоренс Рајт „Thirteen Days in September: Carter, Begin, and Sadat at Camp David“, е приказна за 13-те дена во Кемп Дејвид во 1978 година, кога Анвар Садат, Менахем Бегин и Џими Картер го склучија мировниот договор меѓу Израел и Египет, кој и денес е еден од највлијателните дипломатски успеси кога се работи за блискуисточниот судир.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска