Денови на словенечки филмови во “Кинотека” од 7 до 9 февруари

Од:

Словенечкиот центар – Скопје и Кинотека на Македонија во соработка со Амбасадата на Словенија, Словенечкиот филмски архив и Словенечкиот филмски центар од Љубљана, организираат “Денови на словенечка култура” во земјава.

“Деновите на словенечка култура”, што се одржуваат по повод празникот “Прешернов ден’, ќе бидат одбележени со ретроспектива на словенечки филмови од 7 до 9 февруари во “Кинотека”.

Ретроспективата почнува вечер во 20:30 часот со филмот „На своја земја“ на режисерот Франце Штиглиц.

Утре од 18 часот ќе биде прикажан „За душа“ на Матјаж Клопчич, а од 20 часот уште еден филм на Франце Штиглиц „Долина на мирот“. Ретроспективата завршува на 9 февруари со филмот „Вистински копилиња“ во режија на Јоже Бевц.

Влезот за сите филмски проекции е бесплатен

Би можело да ве интересира

Петер Пелегрини e новиот претседател на Словачка

Словачка: Автобус налета на група луѓе, две лица загинаа

Горан Наумовски

Корчок се надева на победа на претседателските избори во сабота во Словачка

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка снимена на улица во Словачка, двајца повредени

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Жена од Белорусија починала откако бегала од мечка на северот на Словачка

Горан Наумовски