Денови на македонската фотографија во Охрид

Од:

По петгодишна пауза синоќа во Охрид беше отворена изложбата „Денови на македонска фотографија“, што 59-ти пат се одржува во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Фото сојузот на Македонија.

Станува збор за најстара фотографска манифестација во земјата, на која речиси пет децении се презентира најдоброто од македонското фотографско творештво во тековната година.

Поставката со најдобрите фотографии е во Изложбениот салон при НУ центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а ќе трае до 10 јуни.

Инаку, Фото сојузот на Македонија е најстарата и најмасовна организација во областа на фотографијата, која годинава одбележува 75 години од основањето. Основан во 1946 година како Кино-фото сојуз на Македонија, тој претставува неодминлив дел од македонската култура, историја, уметност.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“