Денови на македонска култура во Будимпешта – Чествување на 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Од:

Во Институтот за славистика и балтичка филологија во Будимпешта се одржа промоција на зборникот „A macedón nyelvről“, однсоно „За македонскиот јазик“ од Блаже Конески.

Како што информираат организаторите, книгата претставува избор од научни текстови од Конески, кои се однесуваат на македонскиот јазик и неговата стандардизација, а додадена е и статијата „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик“ од Крсте Петков Мисирков и е илустрирана со пригодни фотографии.

– Зборникот излезе во престижната едиција Opera Slavica Budapestinensia (Linguae slavicae) на Катедрата за славистика при Универзитетот ЕЛТЕ. Иницијатори за реализација на овој проект се Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот за славистика и балтичка филологија од Будимпешта и Здружението на Унгарците на Македонија – ТЕЛЕДОМ од Скопје, а изданието беше реализирано со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Зборникот го промовираше проф. д-р Звонко Танески, познат македонист кој работи на Универзитетот „Комениус“ во Братислава.

Со зборникот унгарската публика ќе има можност да се запознае со развојот и кодификацијата на македонскиот јазик и ќе претставува појдовна основа за запознавање на студентите на ЕЛТЕ со проблематиката која се однесува на нашиот јазик. Во период на негирање на македонскиот јазик, ваквите изданија се повеќе од потребни за претставување на нашата страна од приказната.

Лекторот Златко Панзов му се заблагодари на проф. д-р Иштван Лукач, шеф на Катедрата за славистика, за огромната поддршка при реализацијата на зборникот и неговата огромна улога за развојот на македонистиката во Унгарија.

Во последните неколку години Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта станува значаен центар за изучување на македонскиот јазик во Централна Европа, бројот на студенти постојано се зголемува и се движи меѓу 25 до 35 студенти во семестар. Лекторот Златко Панзов е иницијатор и организатор на Деновите на македонска култура во Будимпешта што се организираат веќе трета година, на кои досега беа преставени најдобрите македонски писатели, музичари и уметници.

Би можело да ве интересира

Маричиќ: Македонскиот јазик е засекогаш вграден во мозаикот на европските јазици, а ние никогаш нема да се откажеме од нашата европска иднина

Орце Костов

Донесен Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот стар 25 години

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси

Мојсова-Чепишевска: Уште утре треба да почне новото поглавје на развојот на македонистиката во Риека

Ана Ололовска

Институции и културно-историски знаменитости вечерва ќе бидат обоени во чест на македонскиот јазик

Ана Ололовска

Чествување на македонскиот јазик во УКИМ, доделени признанија за придонес за афирмација на македонистиката