Денови на „Croatia Records“ – филм за „Новиот бран“, најновата винилна програма и последното CD на Зафир Хаџиманов

Од:

Со македонската премиера на филмот „Нов бран – 40 години подоцна“ („Novi val – 40 godina nakon“), вечер во Кинотека ќе почнат деновите на „Croatia Records“ во Скопје.

По проекцијата, на летната сцена на Кинотека – „Мирно лето“, авторот Никола Кнежевиќ и Иван Беќковиќ, супервизор на „Croatia Records“ за земјава, ќе одржат трибина на која ќе зборуваат за значењето на „Новиот бран“ на овие простори.

Во чест на четири децении од објавувањето на култниот албум „Пакет аранжман“, но и серија други албуми кои му припаѓаат на движењето познато како „новиот бран“ („нови вал“, „нови талас“) – „Шарло Акробата – „Бистрији или тупљи човек бива кад…“, како и деби-проектите на „Електрични оргазам“ и „Хаустор“, најголемата дискографска куќа во регионот – „Croatia Records“ на почетокот на оваа година реализираше филм „Нов бран – 40 години подоцна“ на Кнежевиќ, музички уредник во „Croatia Records“.

Кнежевиќ, заедно со белградската новинарка Олга Кепчија (радио-водителка на Београд 202), за таа прилика направи серија интервјуа со главните актери кои беа дел од приказната, новинари, музички продуценти, дизајнери, дискографи…, и со помош на CMC Телевизија тоа беше склопено во филм, со времетраење од 101 минута.

До сега филмот беше претставен во Белград, на „Мартовскиот фестивал“, како и на „Dok’n’Ritam“ фестивал во српската престолнина, и во Крагуевац, во рамките на Арсенал фест.

Утре, 18 август, на првата промоција на „Croatia Records“ во Скопје по цели 30 години, ќе биде претставена актуелната винилна програма на оваа издавачка куќа – винилите од „Нови вал“, „Индекси – Модра ријека“…, како и компакт-дискот „Зафир пјева, Македонија пјева“, објавен лани за „Југотон Croatia Records“, но, поради короната не можеше да и биде претставен на јавноста. Во меѓувреме големиот поет, актер и музичар Зафир Хаџиманов почина, но остана аманетот албумот објавен на компакт-диск (винилот е од 1986 година), да биде промовиран во неговото Скопје.

Настаните ќе бидат реализирани согласно ковид-протоколите од Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска

Филмска вечер за деца и млади во Кинотеката

Ана Ололовска

Кратки експериментални филмови на петтата сесија на филмска училница во Кинотека

Ана Ололовска