„Денот на Баба Марта“ меѓу десет најдобри европски приказни

Од:

Проектот „Денот на Баба Марта“ на Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ е избран меѓу десетте најдобри европски приказни во рамките на повикот „Приказни за европското културно наследство“, поддржан од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на програмата „Европски денови на културното наследство“.

„Денот на Баба Марта“ е создаден за поддршка на мултинационалната апликација „Културните обичаи поврзани со прославувањето на 1 Mарт “ во УНЕСКО, со цел зачувување, презентација и популаризација на обичајот „Мартинки“. Во 2017 година мартинките беа впишани во Репрезентативната листа на УНЕСКО и станаа дел од светското нематеријално културно наследство, а „Хаемус“ стана правен носител на ова културно добро од Македонија во УНЕСКО.

Од „Хаемус“ посочуваат дека се строги условите да се биде дел од повикот „Приказни за европското културно наследство“ и дека покрај многу други категории, важно е што една граѓанска организација мора претходно да има организирано барем еден голем јавен настан во последните три години.

-Тој настан е пожелно да биде координиран, евалуиран и реализиран во рамките на националната програма за „Европските денови на културното наследство“. Подоцна, при аплицирањето, целта на приказната е да се претстави и сподели македонското културно наследство, како дел од заедничкото – европско културно наследство, велат од „Хаемус“.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ