МНТ – 75 години: Сцената е првпат празна, но во бескрајното патување на театарот ќе има нови претстави

Од:

Македонскиот народен театар по повод роденденот им честита и им се заблагодарува на сите уметници – доајени, некогашни и сегашни вработени и љубители на театарот кои придонеле во неговиот развој во изминатите 75 години зашто сите заедно, како што наведува во честитката, направиле театарот да живее, расте и се развива, и истовремено да се прикаже на сцената мигот од животот пред верната публика.

-Иако денес сцената е празна, сите ние го чувствуваме мирисот на сцената и театарската светлина во нас. Сите овие изминати години беа исполнети со дружење, смеа, креативност, силина, моќ, радост. Иако првпат се соочуваме со празна сцена и празни седишта, повторно светлата ќе се запалат, сценографијата ќе иде на сцената и вие, актерите, ќе ги облечете костимите и изговорите текст, затоа што театарот бил, тука е и ќе остане засекогаш! Иако сега ова е тивок период на сцената, неговото бескрајното патување низ времето продолжува со креирање и планирање нови претстави, проекти, изложби, соопшти МНТ по повод 75-годишнината.

Во честитката додава дека театарот отсекогаш бил во нивните срца и мисли и поради тоа, на сите кои биле и се дел од МНТ на кој било начин, на овој ден сака да им заблагодари за пожртвуваноста и да им оддаде почит.

-Вие, актерите, од различни генерации одигравте/играте на сцената со бескрајна посветеност, страст, жар, пожртвуваност и секокаш дававте/давате се од себе. Огромен е бројот на режисерите, драматурзите, сценографите, костимографите, композиторите, сектор светло, сектор тон, сектор видео, инженерите, гардероберите, реквизитерите, шминкерите, фризерите, изработувачите на сценографија, декоратерите и администрацијата кои со неуморна сила секогаш сте присутни зад сцената овозможувајќи непречено да се одвива магијата и вашата посветеност е непроценлива, стои во честитката по повод 75 гидини на МНТ.

Македонскиот народен театар на 3 април го одбележува роденденот зашто на овој датум во 1945 година е изведена неговата прва премиера – претставата „Платон Кречет“ во режија на Димитар Ќостаров.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора