Делегација на Националната галерија на Македонија во посета на бугарското МНР

Од:

Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев ја прими делегацијата на Националната галерија на Република Северна Македонија, предводена од нејзината директорка Дита Старова – Керими, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, главна тема на разговорот биле можностите за продлабочување на соработката во областа на културата, вклучително и реализација на заеднички проекти со Државниот културен институт на Бугарија при министерството за надворешни работи и Културно-информативниот центар на Бугарија во Северна Македонија и со други културни институции и галерии во Бугарија.

– Преку културата може да се испратат пораки, кои тешко се постигнуваат со вообичаените средства за надворешна политика, нагласи за време на средбата со Старова-Керими, бугарскиот министер Стоев.

Тој изрази надеж, дека оваа прва официјална посета на делегација од Националната галерија на Република Северна Македонија ќе го означи почетокот на активниот заеднички напор, што ќе помогне да „чекориме заедно по патот на европската соработка“.

Според министерот за надворешни работи на Бугарија, постои огромен неискористен потенцијал меѓу двете земји и мора да работиме заедно „за уште повеќе да се запознаеме, што се надевам дека ќе се реализира буквално во наредните недели и месеци“.

За време на разговорот, биле разгледани и можностите за гостинска изложба на бугарскиот Државен културен институт во Република Северна Македонија, како и проекти на Националната галерија на Република Северна Македонија во галеријата на бугарскиот Државен културен институт.

Директорката Дита Старова – Керими му се заблагодари на бугарскиот министер Стоев за неговата посветеност на заедничките иницијативи на Националната галерија на Република Северна Македонија и Државниот културен институт, како и директорката на Државниот институт за култура Снежана Јовева и на директорката на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје Антонија Велева за можноста да ја посети Бугарија.

За време на официјалната посета на Софија, гостите од Скопје се сретнаа со претставници на бугарското Министерство за култура, директорите на Националната уметничка галерија и Градската уметничка галерија во Софија, со предавачи од Националната академија за уметност и експерти од различни области на уметноста. Тие, исто така, го разгледаа и богатиот Уметнички фонд на Министерството за надворешни работи на Бугарија, кое надминува 2.000 дела, како и реновираната галерија на Државниот културен институт на Бугарија.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ