Дела од 30 писатели на литературната е-манифестација „Илинден“

Од:

Литературната манифестација „Илинден“ првпат по своето децениско постоење годинава се одржува на веб страната на Општина Илинден, каде читателите ќе може да причитаат дела на триесеттина реномирани писатели од земјата и од странство.

Како што соопшти денеска општината, вљубениците во пишаниот збор од своите домови преку веб сајтот на општината – www.ilinden.gov.mk имаат можност да уживаат во „Стиховите за душата“ испеани од Кристина Николовска, Ефтим Клетников, Милан Јазбец од Словенија, Христо Петрески, Славка Арсова, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Паскал Гилевски, Перо Миленковски, Киро Донев, Горјан Петревски, Наум Попевски, Љерка Тот Наумова, како и ред други писатели и поети.

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски истакна дека во месец мај, општината живее во звукот на поезијата преку оваа литературната манифестација, која според него е манифестација што 20 години по ред на едно место ги собира најеминeнтните писатели од државата и странство. Додаде дека станува збор за настан со посебна естетска вредност што се одржува во насока на промовирање на современите културни достигнувања и негување на културата и културните вредности преку приближување на пишаниот збор до поголем број читатели.

– Убедени сме дека преку манифестацијата се остварува нашата намера да ја приближиме книгата до секој поединец, книгата да стане дел од животот на секој од нас. Пред се, затоа што со секоја прочитана книга стануваме побогати со нови знаења, нови искуства, нови идеи, нови вредности, рече Стојановски.

На оваа манифестација „Илинден“ посебно место заземаат младите автори, како и ученици од основните училишта.

– Горди сме што токму Литературната манифестација „Илинден“ изминатите години беше место за афирмација на многу млади автори. Успавме да го доближиме пишаниот збор до граѓаните, особено до најмладите, до нашата иднина. Задоволни сме што успеавме да изградиме мост меѓу домашните и писателите од странство при што размената на искуства е дргоцена за сите нас, истакна Стојановски.

Би можело да ве интересира

Објавена книгата „Корејски народни приказни“

Ана Ололовска

Конкурс за новосоздадени бајки за проектот „Современи бајки од Македонија“

Ана Ололовска

Сатиричниот роман „Теодосиј Малиот“ на Разван Радулеску објавен на македонски

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Дневници на една љубов” од Лилјана Пандева

Ана Ололовска

Онлајн-промоција на романот „Курвински хроники“ на Александар Русјаков

Ана Ололовска

„Патот на успехот”, прва книга за истакнати иселеници во македонската дијаспора

Ана Ололовска