Дела на уметникот Крстевски во музеј во Јапонија

Од:

На меѓународниот фестивал на модерната карикатура во Саитама, Јапонија, каде се промовира „манга“ културата, со две дела учествува и македонскиот уметник Златко Крстевски, во селекцијата од 89 автори од 33 земји.

Темата на Фестивалот беше „Тетсудо“ или во превод, железничка станица.

Делата се публикувани во албумот „The Best Cartoons of Nippon“ на 100 страници во боја, двојазично, на англиски и на јапонски, проследени со биографски референци. Како што информира Крстевски, според директорот на фестивалот Фуми Секигу, секоја година се откупуваат дела за колекцијата на Музејот. Оваа година ќе биде откупено делото на Крстевски.

-Делото беше работено во живописното место Гарбатка Летниско, Полска и потоа беше испратено во Јапонија. Делото содржи надреални елементи, помеѓу сонот и јавето, транспортирани во старата добра локомотива, објаснува Крстевски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он