„Дела на хартија“ од Стефан Младеновски

Од:

„Дела на хартија“ е прва самостојна изложба на Стефан Младеновски. На изложбата ќе може да се видат 35 цртежи, од кои 34 работени во 2019 и еден во 2018 година.

Стефан Младеновски како млад автор, апсолвент на графичкиот оддел при ФЛУ во Скопје, со цртежите на оваа изложба го преиспитува резултатот од редуктивниот избор со концепт од појдовната премиса: „мојот идентитет во моето творештво“… Од изложените цртежи читлив е ставот кон сопствените релевантни регистри, сигнирани впечатоци поентирани во знаковна и просторна димензија.

Неговиот ракопис е спонтан, потребата својот нагон кон креативното дејствување да е во функција сѐ додека непосредниот потег на раката креира линија, форма, напишан збор… Приоѓајќи кон композициските решенија во предвидениот формат се обидува сликовноста да ја организира имајќи надзор кон импровизацијата. А со динамиката во обликување на визуелниот впечаток ги „дисциплинира“ знаковните ритмирања. Настојува креативниот импулс да не биде примарно воден со афектација и автоматизам, туку ја проектира духовната насоченост со промислен, пластично-визуелен сензибилитет.

Со геустален артизам ги обликува сетилните впечатоци без оптеретени композициски аражмани, елементарно фрагментирани и визуелно јасни. Стефан Младеновски со оваа своја прва самостојна изложба ветува дека и во иднина сериозно ќе се насочува кон надградба на ликовните умеења во доменот на цртежот и графиката. Верувам дека со оваа доследност со која сега ги евидентира апстрахираните, миметички обликувани предели, тука егзистирајќи како „миг на пријатна доволност“, и во следните изложби успешно ќе ги промовира авторските предиспозиции, кои секогаш, само преку творечката енергија, се пресоздаваат во своевидна анатомија на стварноста.

Стефан Младеновски е роден 28.6.1996 во Крива Паланка. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ – Скопје, оддел графика. Апсолвент е на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, оддел графика, класа на проф. м-р Зоран Јакимовски. Добитник е на студентската награда за графика „Драгутин Аврамовски – Гуте“ – 2018. Учесник е на 12-та Графичка работилница „Софија“ – Богданци, 2019. Групни изложби: 2018 – Тетово, Осмо меѓународно биенале на мала графика, Дом на култура 2018 – Скопје, IV Меѓународна „Ex Libris“ изложба, Отворено графичко студио 2018 – Скопје, Young art, Мала станица 2019 – Скопје, Сирова култура, МКЦ 2019 – Скопје, Графичко триенале 4 (Графичка работилница „Софија“ – Богданци), Музеј на град Скопје.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“ завршува 41-то „Скопско лето“

А1он

Изложба на Живко Поповски Цветин по повод Илинден

А1он

Изложба на фотографии „Она што го гледаме за последен пат“

Ана Ололовска

Во Куманово отворена изложба „Жените и фотографијата“

Ана Ололовска

Во Битола отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“

Ана Ололовска

Изложба на илустрации од Кристина Карапеоска

Ана Ололовска