„Цветиновата награда за мир“ за проф. д-р Ратомир Грозданоски

Од:

Пред Архиепископскиот соборен храм, денеска напладне ќе му биде доделена „Цветиновата награда за мир“, на универзитетскиот проф. д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон – теолог, библист и филолог, редовен професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, поранешен декан и секретар на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.

Ратомир Грозданоски е автор на повеќе од 20 книги и над 300 текстови, од кои 200 се стручни, а 100 научни трудови. Неговите книжевни, стручни и научни дела значат многу за новата литература во Македонија и претставуваат голем придонес во развојот на библиската мисла кај нас, искажана на убав македонски јазик, во духот на свети Климент Охридски и Охридската книжевна школа.

Наградата ќе му ја врачи сликарот и хуманист Живко Поповски – Цветин.

Би можело да ве интересира

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски

Ограбен е манастирот „Св.Јован Крстител“ во скопското село Љубанци

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

На дело е фатен арамијата кој ја ограби црквата „Св.Архангел Гаврил“ во Гази Баба

(ВИДЕО) Г. Јаков: Имаме должност да ги заштитме децата и семејството

А1он