„Црвенкапа“ во нова продукција премиерно во Велешкиот театар

Од:

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес денеска напладне за организирана посета од ученици премиерно ја изведе претставата „Црвенкапа“ адаптирана од Сашо Димоски и во режија на Деан Дамјановски.

Се работи за современа адаптација на добропознатата сказна за Црвенкапа и лошиот волк и е наменета за деца и младинци. Покрај комичниот и забавен елемент, претставата е и едукативна, споредувајќи ги безбедноста на градот наспроти опасностите на шумата, ја нагласува и презафатеноста на родителите и преокупираноста на децата со мобилните телефони, а укажува и на потребата да се консумира здрава храна.

Во ликот на Црвенкапа настапи Славица Манаскова, а другите улоги од познатата приказна ги играа: Васил Зафирчев; Кети Борисовска; Весна Димитрова-Бобевски и Самоил Стојановски. Сценограф е Филип Коруновски, костимограф Катерина Чукниева, а автор на музиката – Сашко Костов.

Следната изведба на претставата е на 21 март. Ќе има уште неколку изведби со организирани посети за децата од градинките и основните училишта во Велес, а потоа претставата ќе биде ставена на редовниот репертоар на Велешкиот театар.

Би можело да ве интересира

Во Битола вечер премиера на претставатa „Август во округот Осејџ“

Ана Ололовска

„Ноќ на разноличноста“ вечер на „Лето на тетовската култура“

„Август во округот Осејџ“ нова премиера во Битолскиот театар

Ана Ололовска

Прекинат Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“

Ана Ололовска

„Бог на масакрот“ – премиера на Турски театар

Ана Ололовска

Нова премиера и гостувања на Битолскиот театар

Ана Ололовска