Цртежи на ликови со различни експресии од ликовниот уметник Филип Коруновски изложени во Кавадарци

Од:

Триесетина цртежи на ликови со различни експресии од ликовниот уметник Филип Коруновски ја чинат изложбата насловена „Несознајно“, која денеска беше отворена во Музеј галерија Кавадарци. Директорката на музејот, Весна Ѓорѓиева информираше дека настанот е во соработка со локалната установа „Народен музеј Велес“.

За биографијата и творештвото на уметникот, говореше Елица Николова, кустос советник од велешкиот музеј.

Филип Коруновски, магистер по скулптура, е роден 1987 година во Велес. Работи како сценограф, графички дизајнер и ликовен соработник во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“. Има реализирано четири самостојни изложби. Учествувал на бројни групни ликовни изложби и колонии. Цртежите на ликовите од изложбата се работени во техника пастел на хартија за пакување.

-Целата изложба си повлекува влијание од театарот и театарската атмосфера, емоциите кои ги пренесуваат актерите, но и оние од доживувањето на публиката. Има драматичност во самите погледи. Целта на овој циклус цртежи е да се прикаже таа драматика, рече авторот.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“