„Consutum“ – самостојна изложба на Ана Спасова

Од:

Во КСП-Центар-Јадро вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба „Consutum“ на Ана Спасова, која дипломира и магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во областа графика, во класата на ред. проф. м-р Мирко Вујисиќ и работи како асистент на Катедрата по графика при ФЛУ.

Во рецензијата за нејзината изложба, Вујисиќ наведува дека таа ја третира хартијата како графички отпечаток, но и со интервенции врз неа со знаковно кодирани релјефни форми ја претвора ликовната замисла во структурен супстрат во самата хартија во улога на интегрирана ликовност.

– Во претходниот период, покрај графиките, креираше и мали објекти од хартија, кои со својата суптилна, лесна, бела и тонска патина, левитираа над тој нејзин изложбен агол. Листот или листовите од хартиени текстури, преку промислена артикулација на Ана Спасова до полна изразност ги аргументираа својствата на ликовен медиум. На оваа изложба насловена „Consutum” (лат. „зашиено“) воведува и текстурирани површини и перфорирања со точки од каде во одредени сегменти се исчитуваат записи со Брајовото писмо – пораки во контекст на тематската синтакса, вели проф. Вујисиќ во рецензијата.

Спасова учествувала на повеќе од 40 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на неколку награди за своето творештво и покажаниот успех во текот на студиите. Од 2019 година членува во ДЛУМ.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“