Циклус филмови со Чарли Чаплин на отворено во Кинотека

Од:

Од петок, 17 јули од 21:00 часот, Кинотека ќе почне со прикажување на филмови на Чарли Чаплин во летното кино под отворено небо.

Како што објаснуваат од Кинотека, станува збор за десет наслови во овој исклучителен циклус – што го опфаќа творештвото на Чаплин од неговите почетоци, па сè до последните дела. Кинотека, исто така, овозможува увид во најдоброто од златната ера на немиот филм, но и начинот со кој Шарло се справува со предизвикот на звучниот филм.

– В петок, 17 јули ќе биде прикажан филмот „Циркусот’, в сабота, 18 јули – „Светлините на Велеградот“, в понеделник, 20 јули – „Големиот диктатор“, во вторник 21 јули – „Господин Верду“, во среда 22 јули – „Крал во Њујорк“, во четврток 23 јули – „Светлините на сцената“, во петок 24 јули – „Детето“, во сабота 25 јули – „Модерни времиња“ и во понеделник ќе биде прикажан филмот „Златна грозница“, соопшти Кинотека. Влезницата чини 100 денари.

Чарлс Спенсер Чаплин (Charles Spencer Chaplin), или едноставно Чарли Чаплин (Лондон, 15 април 1889 –Корсие-сур-Вевеј, 25 декември 1977),  е класик во светската кинематографија, а со него и почнува периодот што ние денес го нарекуваме класика.

– Со безмалку 90 улоги на филм и 72 кредити како режисер, Чаплин е од оние автори кои компримираат вистински филмски универзум сам за себе: бил и сценарист, монтажер, продуцент, а повремено и компонирал или бирал музика за неговите филмови. И, како во случајот со сите класични филмски ликови, сè започнало едноставно: насмеј ја публиката, освој ги нивните срца, и биди на нивна страна, макар што заради тоа ќе ти замериестаблишментот, па и со децении ќе ти забрани влез во земјата (САД) каде што направил една од најголемите кариери во филмската индустрија, се наведува во соопштението на Кинотека.

Би можело да ве интересира

Дигитализирано издание на Историја на филмот на Георги Василевски

Ана Ололовска

Проекциите на три филма од циклусот посветен на Чарли Чаплин утре и задутре во Кинотека

Ана Ололовска

Кинотеката продолжува со прикажувањето филмови под отворено небо

Ана Ололовска

Премиерно два документарни филма во Кинотека по повод 57 години од скопскиот земјотрес

Ана Ололовска

„Петрунија“ ќе ја отвори програмата на новото летно кино во Кинотека

А1он

Дигитално издание на „Време на игри и соништа“ на Илинденка Петрушева

Ана Ололовска