„Четврток“ во Бразил, а Манчевски со понуда од „Арестед девелопмент“

Од:

Краткометражниот филм „Четврток“ на Милчо Манчевски е поканет како специјална премиера на филмскиот фестивал во Сао Паоло, Бразил.

Фестивалот во Сао Паоло прикажува само долгометражни филмови, но директорката на фестивалот Рената де Алмеида одлучила да го покани филмот и да организира специјални проекции на кои ќе го претстави ова краткометражно дело.

„Четврток“ беше снимен во Њујорк по покана од Филмскиот фестивал во Венеција. Во чест на 70-тото издание на фестивалот покани им беа упатени на повеќе значајни режисери да се претстават со краткометражни филмови на тема „Иднина на кинематографијата“. Покрај Манчевски, меѓу нив беа и Бернардо Бертолучи, Пол Шрадер, Абас Киеростами, Ким Ки-Дук, Џејмс Франко,… Директорот на фестивалот во Венеција, Алберто Барбера, го нарече „Четврток“ микро ремек-дело.

Во меѓувреме, во Њујорк Манчевски доби покана за нов проект. Фронтменот на групата „Арестед девелопмент“, Спич (Тод Томас) побара од Манчевски да го работи спотот за песната „Его“ од нивниот следен албум кој се појавува пред Нова Година.

Соработката на Манчевски со хип-хоп групата „Арестед девелопмент“ потекнува уште од времето на нивниот прв албум. Манчевски го режираше првиот и најуспешен спот на групата, за песната „Тенеси“. Тој спот доби награда на МТВ за најдобар спот, како и награда на стручното списание од музичката индустрија „Билборд“. Манчевски доби и платинска плоча за овој спот, а легендарното списание „Ролинг стоун“ го вброи „Тенеси“ меѓу стоте најдобри музички спотови во историјата.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето