Четврта Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“

Од:

Од денеска до 10 јули во Вевчани по четврти пат се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, на која ќе земат учество над 25 еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Србија, Бугарија, Франција, Црна Гора и од Албанија.

Целта на оваа колонија е да претставува простор на обединување на голем број признаени уметници, кои инспирирани од убавините на Вевчани, ќе ја промовираат соработката и почитта помеѓу народите и државите и ќе создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.

Вевчани со неговите извори – споменик на природата, 19-те цркви, манастири и параклиси, меѓу кои и црквата Св. Никола осветена во 1876 година со иконостас изработен од Дицо Зограф со неговата тајга, потоа традиционалниот Вевчански карневал, стар колку сто е старо и Вевчани – 1400 години, претставуваат неповторлива инспирација за творење на ликовните уметници.

До сега на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ учество имаат земено голем број еминентни ликовни уметници, меѓу кои академик Глигор Чемерски, Трајче Јанчевски, Илија Кафкалески, Стеван Поповски, Павле Кузманоски, Таки Павловски, Доне Миљановски, Ставре Димитров – Стадим, Данчо Ордев, Ниче Василев, Петар Попчев, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Решат Амети, Емил Шулајковски, Оливера Велкова, Војдан Запров и Александар Филев од Република Македонија, како и Рајко Тодоровиќ – Тодор и Ана Лаковиќ од Црна Гора, Петар Белаишки и Милисав Бонов – Мибо од Бугарија  и Ана Богданова и Ана Фервалева  од Русија и други.

Изминатите години со слики од оваа реномирана колонија беа организирани поголем број изложби, меѓу кои и во Подгорица – Црна Гора, како и во Неготино, Струмица, Кавадарци, Скопје и Кратово.

Организатори на колонијата се Меѓународната фондација „Киро Глигоров“ и Компанијата „ВИА“ ДОО од Вевчани.

Би можело да ве интересира

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Кочовски: Вевчанскиот карневал продолжува и оваа година и покрај немање поддршка од Mинистерството за култура

Ана Ололовска