Четиринаесет уметници создаваат нови дела на Меѓународната струмичка ликовна колонија

Од:

Четиринаесет ликовни уметници од земјава од 10 овој месец ги создаваат своите нови дела на 57. издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија, која се одржува во просториите на Уметничката галерија во Струмица.

-Колонијата завршува задутре, а уметниците делата ги создаваат на масло на платно, акрил и мозаик. По 28 пат го имаме мозаикот на Колонијата, а очекуваме да се создадат вкупно нови триесетина дела, со што дополнително да биде збогатен фондот на колонијата, кој брои над 2.560 дела создадени од околу 1.400 ликовни уметници, рече Александар Филев, раководител на Уметничката галерија.

Додава дека годинава првпат во својата долга историја Струмичката ликовна колонија се одржува без уметници од странство и со двојно помал број на учесници и тоа само од земјава заради коронавирусот.

-Просторот каде што уметниците работат е голем. Обезбедена е дистанца помеѓу уметниците, се носат заштитни маски и се користат средства за дезинфекција против вирусот, истакна Филев.

На почетокот на колонијата беа отворени две изложби-самостојна изложба на Снежана Мелник и „Пријателство“ со дела од македонски и бугарски автори.

Делата од годинашната Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе бидат ставени на показ на јавноста на изложбата на 11 Септември, на Денот на ослободувањето на Струмица.

Би можело да ве интересира

Перформанс на живи скулптури во Гевгелија по повод Светската недела на детето

Ана Ололовска

Фестивал на урбана култура – МУРАЛ

Ана Ололовска

Отворање на уметничките колонии во Слоештица и во Цапари

Ана Ололовска

Паралелни ликовни колонии во Слоештица и во Цапари

Ана Ололовска

Авторскиот портрет на Константин Плевнеш на Интернационалниот фестивал на фотографијата во Банги

Ана Ололовска

Во Велес ќе се одржи втората Скулпторска колонија „Велес 2020“

Ана Ололовска