Четириесет години творештво и шест децении живот одбележа уметникот Владимир Темков

Од:

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци синоќа беше отворена изложба со слики од ликовниот уметник Владимир Темков. Изложбата се совпадна со одбележувањето на 40 години од неговото творештво и шест децении живот на уметникот. Изложени се 60 слики.

Актерот Александар Малинков, директор на Културниот дом, изрази задоволство од големата посетеност, која навестува успешна година на културен план.

За изложбата говореше академик професор доктор Блажо Боев. Тој се осврна на творештвото на Темков, но потсети и дека Кавадарци е расадник на уметници, споменувајќи ги Мазев, Чемерски, Шемов, Темкова и неколкумина други од помладата генерација.

Пред присутните се обратија и пензионираниот универзитетски професор Кирил Темков, како и авторот кој изрази благодарност за големата посетеност.

Би можело да ве интересира

Во Крива Паланка отворена изложбата „Лазар Софијанов“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Уметник со посебни потреби црта со својата уста за да му помогне финансиски на локалниот музеј

А1он

Изложба на филм-цртежи од иранскиот режисер Мохаммад Али Саџџади во Кинотека

А1он

Дафина Шекутковска со самостојна изложба во НЛБ Галерија

Ана Ололовска

Изложба на калиграфија и калиграм во Порта Македонија

Ана Ололовска

Уметничко дело на сликарот Хокни продадено за 29 милиони долари во Лондон

А1он