Четири романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“

Од:

Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

dobivaj vesti na viber

На годинашниот конкурс пристигнаа 39 романи, а жири-комисијата во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата) ќе го соопшти лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ на 15 март.

Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Би можело да ве интересира

Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Ана Ололовска

39 романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“

Во конкуренција за наградата „Роман на годината“ 36 романи

Наум Локоски